Дарин во прегратка: Јана Бурче ја објави првата фотографија со синчето

Јана Бурче и сопругот Александар со кој се во брак нешто повеќе од две години, пред некое време го добија второто дете, а нивната ќерка Дона си доби братче.

Синчето го крстија Дарин, како што и ексклузивно откри Јана, во интервју за Женски магазин, велејќи „Сакаме да биде на „Д“. Се уште се дискутира и дебатира по дома, ама сега за сега води Дарин“.

Токму во претпоследниот месец од бременоста Јана ни откри и дека биле подготвени, но воедно и изненадени, ако е возможно тоа, како што рече таа.

Дарин пристигна пред еден месец, а водителката и пејачка ја објави првата фотка на која синчето и спие во прегратки.

Ќеркичката Дона пак, наскоро ќе наполни три години.

View this post on Instagram

A post shared by Јана Бурче (@boorche) on