Дарко Димитров од Ротердам: Hurricane ќе го обелат образот на целиот Балкан, но криво ми е што Македонија не влезе во финалето
Дарко Димитров,еден од најдобрите македонски автори, познат и надвор од границите на земјава, е потписник на темата „Loco, loco“, со која српската група Hurricane се претстави на Евровизја. Вели дека не се оптоварува со победа. За него е битен целокупниот настап и енергијата која девојките ќе ја споделат на сцената.
- Благодарам на честитките за пласманот во финалето и поддршката од нашиот народ. Пресреќен сум што девојките се одлично прифатени од публиката ширум Европа. И во Ротердам, сите реагираат многу убаво на нивната појава. Добро е што ја темпиравме формата од првата до последната проба. Тие на секое појавување на сцената беа се подобри. Синоќа ја размрдаа сцената со нивната енергија. Се надевам дека тоа ќе го направат и во финалето. Ќе го обелат образот на целиот Балкан. Криво ми е што Македонија не се пласира во финалето. Исто така и Хрватска – открива авторот.
Димитров има големо евровизско искуство. Соработувал со голем број пејачи учесници на Евровизија. Пред две години, беше еден од авторите на песната „Prоud“, која Тамара Тодевска ја отпеа на изборот во Тел Авив, Израел.
- Не размислувам на победа. Најбитни се настапот и целокупната енергија што девојките ќе ја споделат со публиката. А тоа се наградува. Многу е тешко да се победи на овој избор. Со Тамара Тодевска оствариве голема победа. Бевме први од од жирито, но, на крај завршивме на седмо место. Со девојките од групата имаме одлична соработка од порано и ги познавам многу добро. Им го направив првиот хит „Фаворито“. Одлична соработка имам и со Немања Антониќ кој ја направи музиката на „Loco, loco“. Се вклопив добро и со свои идеи ја надополнив музиката. Имаме успешна композиција, динамична и позитивна. Во ова пост ковид време не развесели сите. За момент се тргнавме од кошмарот. Особено се израдувавме кога видовме публика во Арената. Евровизја и Hurricane најавија подобри времиња – потенцира тој.
(С.А.Н)
Може да ве интересира: