Давид беше со мене преку видео врска кога се пораѓав: Катарина Бабунски за раѓањето на ќерката Алина

Добивај вести на Viber

На трети април пристигна третиот член во семејството Бабунски.

Катарина, сопругата на младиот македонски репрезентативец и фудбалер ја роди ќерката Алина.

„Иако не очекувавме дека ќе се породам тој ден, породувањето помина супер. Се породив по природен пат и траеше малку подолго, но имав одличен тим на доктори покрај себе и цело време се чувствував среќно и безбедно. Пред самиот крај успеавме да го вклучиме и Давид преку видео повик и сигурно и двајцата ќе го памтиме ова искуство“ - раскажа Катарина специјално за Женски магазин.

Таа вели дека чувството кога прв во прегратки ја земала новородената ќерка е неописливо.

„Емоциите се толку силни што дури по неколку часа успеав да си дојдам на себе и да сфатам што сѐ сѐ случи од моментот кога влегов во болницата. Тој момент кога го ставиш своето бебе на градите е нешто најубаво на свет и многу сум среќна што тоа го искусив три пати“ - вели оваа млада мајка.



Девјчето го крстија Алина

Катрина вели дека идејата за името ја слушнале некаде во странство.

-Името Алина го слушнавме некаде во странство пред неколку години и мене толку ми се допадна што го запишав во телефон и реков дека би сакала така да ја наречам ќерката ако некогаш ја имам. Тогаш тоа име го ставивме на списокот пред неколку месеци кога почнавме со изборот на името и остана фаворит до самиот крај-ни откри сопругата на Давив Бабунски.

Давид и Катерина се запознале преку заеднички пријатели во 2016-та, набрзо почнале да живеат заедно, а веќе во 2017 година биле во Јапонија каде правилата се малку поинакви и морале да се венчаат доколку Катерина сакала да остане таму со него.

„Ни беше важно да останеме заедно и се покажа дека не погрешивме, бидејќи од тој брак создадовме семејство“ – ни откри Катарина во интервјуто за Женски магазин.