ДЕЦА СЕ ПОЛЕЈАА СО СТУДЕНА ВОДА: Во чест на кој актер се прави ова?

Добивај вести на Viber

Повеќе деца од североисточната Јакутска Република во Русија  се полеаја со студена вода и покажаа што мислат за загриженоста на холивудскиот актер, Леонардо ди Каприо за глобалното затоплување и климатските промени.

Ова го направиле на -30 степени.  Децата, облечени во карате-кимона, снимиле видеопорака за холивудскиот актер и еколошките активисти. Тие стоеле голи до појас на снегот и се полеале со студена вода.

„Здраво Лео, благодариме што мислеше на нас, не грижи се, сите сме добро, сонцето денеска сјае, дојди и посети нè, ќе чуваме за тебе студена вода, среќно!“ - изјави едно од децата.

Одговорот следувал откако Ди Каприо изразил загриженост поради исклучителното студено време во регионот. Претходно Фондацијата „Леонардо ди Каприо“ на својот инстаграм-профил објавила дека температурите во градот  Ојмјакон (Република Јакутија познат како Саха) паѓаат и до 62 степени Целзиусови под нулата.

Такви екстремно ниски температури не биле забележени во последните 15 години.