Децата прозборуваат, болните со тумори оздравуваат: Мирослава Петровиќ за сведоштвата на манастирот Тумане во Србија

Мирослава Петровиќ живее во Белград. Иако ја ситни осумдесетката, изгледа многу помладо. Во разговорот со неа забележителни се мудроста и духовноста. Нејзина пасија се патувањата. Била во повеќе од дваесет земји од три континенти. Вели дека никогаш не пропуштила во градот каде што претстојува да ги посети и духовните објекти. Таа е голем верник. Секоја вечер се моли за здравјето и мирот на своето семејство пред иконите на Свети Зосим и на Свети Јаков, чудотворци на манстирот Тумане.

- Тумане е православен манастир на браничевската епархија на Српската православна црква. Сместен е во Голубачката долина на брегот на истоимениот поток, оддалечен на 12 км од Голубац. Благодарение на верскиот туризам, манастирот стана најпосетуван манастир во Србија од почетокот на 21 век. Доаѓаат луѓе претежно од балканските земји. Но, во последно време бројката се зголемува и со посетители од повеќе европски земји. Во некои денови има километарски колони со народ, кои чекаат да влезат во манстариот – ни појаснува Петровиќ на почетокот од нашиот разговор.


Уште при првата посета со манастирот, почувствувала мир во душата и благосостојба. Слушнала многу сведоштва поврзани со силата на молитвите од монасите во Тумане.

-Деца кои не можеле да зборуваат, прозбореле. Деца кои не можеле да проодат, прооделе. Луѓе со тумори се излечиле. Депресивните се опоравиле. Тука го пронашле спасот и тие кои боледуваат од епилепсија и од други болести. Постојат многу сведоштва за силата на овој манстир. Се препорачува болните да дојдат трипати и да преспијат во него. Mолитвите во овој манстир ми помогнаа и мене. Ми го вратија мирот во семејството – открива таа.

Петровиќ  силата на овој манстир ја споредува со таа на Свети Василиј Острошки, во Црна Гора, кој го посетила неколкупати. .

-Пред неколку години бев во Скопје. Ги посетив сите мнастири во околината на градот. Желба ми е да дојдам повторно во Македонија и да го посетам Бигорскиот манстир, за кој сум слушнала дека многу луѓе и таму нашле лек за својата болка – открива Мирослава.

Преданија

Името на манастирот е поврзано со неколку преданија за Милош Обилиќ, славен српски јунак. Милош е роден во блиското село Кобиље, а имал свој дворец во блиското село Двориште. Додека бил на лов, тој ненамерно го ранил испосникот Зосим Синајит, кој живеел во блиската пештера. Кога го однел испосникот на лекување кај видар, испосникот му рекол: „Ту мани“, односно: „Нема лек – пушти ме тука да умрам.“ За да го искупи својот грев, Милош подигнал манастир, во кој ги положил моштите на Зосим. Додека го градел манастирот, му пристигнала поканата од кнезот да појде во битка. „Ту мани, па дојди на Косово.“ Од двојното „Ту мани“ манастирот го добил името Туман.

Сведоштва

Од сведоштвата за Тумане испишани на нивната интернет (manstirtumane.orgго издвојуваме следново: Горан Поповиќ од КовинСвети Зосим и Свети Јаков ме излекуваа од рак (12.05.2021):

Минатиот февруари ми беше дијагностициран малигнен тумор во стомакот, со големина од 2 см. Лекарите ми рекоа дека операцијата е неизводлива бидејќи туморот се проширил во стомакот и пораснал на 12 см. По првата хемотерапија и по првата посета на манастирот Туман во април 2020 година, при која со силна вера им се помолив на Свети Зосим и на Свети Јаков за оздравување и за исцелување, тумор маркерите, кои ми беа зголемени за 10 пати, се вратија во нормала. Во јули 2020 година, повторно отидов во манастирот Туман да се молам и да барам благослов и лекување, продолжувајќи постојано наутро и навечер да користам осветена вода и масло од кандилото на Светителот. По таа втора посета и по цела низа терапии, лекарите ми рекоа дека болеста се повлекува и дека постои можност за операција. Во декември 2020 година, туморот се намали на 2 см и во февруари ми беше целосно отстранет, па сега сум повторно здрав. Затоа сега, по една година, дојдов да им се заблагодарам на Свети Зосим и на Свети Јаков.

Соња Алексоска Неделковска


Фото: manstirtumane.org