Дефинитивно наликува на неа: Кристен Стјуарт ќе ја глуми принцезата Дајана

Добивај вести на Viber

Го нема британскиот акцент, но дефинитивно наликува на неа.

Кристен Стјуарт е вистинска девојка камелеон, која остана верна на себе и на нејзиниот бунтовен стил, но совршено ја избалансира меѓу машки костуми, драматични изданија и класични модни фустани
Стјуарт е најпозната по играњето на Бела Свон во „Самрак“ од 2008-12 година, и многупати докажа дека е одлична актерка.
Ова го потврди и режисерот Пабло Лорен, кој рече дека Кристен Стјуарт е „една од најдобрите актерки“.

Токму затоа во новиот филм за разделбата на покојната принцеза од принцот Чарлс, режиран од Пабло Лорен, е избрана Кристен за улогата на Дајана.

Филмот ќе ја прикаже Дајана, сфаќајќи дека нејзиниот брак не функционира.
„Одлучивме да влеземе во приказна за идентитетот и за тоа како жената одлучува некако, да не биде кралица“, изјави Лорен за „Deadline“.

„Таа е жена која одлучува и сфаќа дека сака да биде жената што била пред да се запознае со Чарлс“ - додава режисерот.

Лејди Дајана Спенсер се омажи за принцот Чарлс во 1981 година. Тие се разделија во 1992 година и се разведоа во 1996 година. Таа почина во сообраќајна несреќа во Париз, година после разводот.

„Кристина може да биде многу работи, може да биде многу мистериозна и многу кревка,  исто така многу силна, што е она што ни треба“, заклучи Лорен.

A споредувајќи ги фотографиите, навистина се забележува и сличност во физичкиот изглед помеѓу Кристен и Лејди Ди.

извор:BBC
Проценете сами во галеријата: