Дегустации на вкусна храна, подароци и изненадувања на семејниот настан на ГОРЕЊЕ во сабота

Добивај вести на Viber

На 5 октомври (сабота) од 11 до 14 часот во Горење Студио во Аеродром ќе се одржи забавен настан: Ден со семејството и „Горење“. Дегустации, демонстрации и многу изненадувања ќе бидат дел од ова шоу.

Посетителите ќе можат да го проследат кулинарското шоу во живо со готвачот Давор Панчевски, попознат како Dave’s kitchen (@daveskitchen). 

За гостите, готвачот ќе зготви вкусен појадок (вафли, свеж леб, џем) подготвен со уредите на Горење. Во меѓувреме ќе се служат и свежо цедени сокови подготвени со уредите од Vitaway колекцијата. Овој семеен настан е одлична можност посетителите да поминат квалитетен саботен ден со најблиските и да уживаат во дегустирањето на вкусната храна и на свежите пијалaци. 

Горење мисли и на најмладите гости. За нив, ќе биде достапно катче за играње.


Во денешното брзо време во кое живееме, со помош на модерните апарати може да се намали товарот на готвењето како неопходна активност, да се поедностави нашиот живот, а преку тоа да се помине поголем дел од времето со семејството и со пријателите.

Сите посетители на настанот ќе имаат можност да ги купат апаратите од Vitaway колекцијата на апарати за здрав живот со промотивен попуст од 15%. 

Горење студио се наоѓа во Аеродром, на улица Видое Смилевски-Бато број 2Б. Ги покануваме сите наши соседи, и сите оние кои се расположени за убава дружба да дојдат на настанот.