Изострено перо // Колумни
Дејвид Боуви доби статуа - каде е поставена?
Статуа на познатиот британски пејач и музичар, Дејвид Боуви, е откриена вчера во британскиот град Ејлсбери, каде што сестраниот уметник првпат го претстави ликот Зиги Стардаст.
Бронзената фигура е поставена на плоштадот во Ејлсбери, и таа го претставува „опуштениот” Дејвид Боуви и неговото „второ јас”.
Скулптурата е дело на вајарот Ендрју Синклер.
Боуви инспирацијата за ликот ја пронајде во една друга британска рок-ен-рол ѕвезда – Винс Тејлор кој по доживеан нервен напад, почна да говори за себе дека е човечко-вонземски мутант и врска меѓу луѓето и Бога.
Песната за Зиги се наоѓа на албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars”, којшто само го зацврсти Боуви на пиедесталот меѓу рок ѕвездите.