Делови од телото: Тоа што сакате да го промените, открива многу за вас

Речиси не постои човек кој не би сакал да направи промена на некој дел од своето тело.

Но сепак, незадоволството од изгледот на одреден дел, открива многу за личноста и тоа не се мисли само за потребата од промена на физичкиот изглед, туку и на карактерот.

КОСА

Имате голема желба да успеете по секоја цена. Сензуални сте и длабоко во себе имате потреба да се одвоите од семејството за да станете независни. Ја сакате природата, долгите прошетки, немате ограничени гледишта и поседувате бујна фантазија.

КОЖА

Интиуитивно им приоѓате на луѓето и претераната чувствителност ве спречува да внесете дипломатија во секојдневната комуникација. Се плашите од осаменост и за да не останете сами сте спремни да ја жртвувате самостојноста. Премногу се затварате во себе.

ОЧИ

Се чувствувате несигурно во туѓи очи и на сите промени во животот реагирате многу емотивно. Сакате да бидете оодлучни, но не наоѓате доволно сила за тоа.  Не знате да се снајдете во незгодни ситуации.


НОС

Неуморно работите и имате потреба од пофалби и признанија.  Важно ви е што мислат другите и тоа ви влијае на расположението, кое лесно го менувате и сте на граница меѓу оптимизам и песимизам.

УСТА

Вие сте прекрасна, чувствителна личност, која не знае да ги истакне своите квалитети. Повлечени сте, срамеживи, верни, но знаете да бидете и посесивни. Знаете да бидете тимски работник, но свесни сте дека луѓето лесно ја злоупотребуваат вашата добрина.

ВРАТ

Вие сте реална личност, свесна за своите можности и квалитети. Ве обесхрабруваат материјалните препреки. Оние кои ве гледаат од страна, добиваат впечаток или дека се преценувате или потценувате што значи дека може да одите од една до друга крајност.

ГРАДИ (ЗА ЖЕНИ)

Свесни сте за моќта на заведување. Постојано сте во потрага по задоволства кои ви се најдобар лек против депресија. Вие предност му давате на физичкиот изглед.

РАМЕНА

Посилна личност сте отколку што мислите. Најголем товар ви е работата, бидејќи сакате да ја завршите на време и без грешки. Ја цените приватноста и не дозволувате другите да откриваат детали за вашата интима.  Обидете се да се опуштите пред другите и ќе сфатите дека на тој начин може да бидете само посреќни.

РАЦЕ

Цврсто стоите на земја и за вас само фактите имаат значење. Во работата сакате се да биде совршено и не се задоволувате со ништо помалку од тоа.

НОЗЕ

Сакате да сонувате и фантазирате. Понекогаш се чувствувате како да сте ограничени и тоа ве нервира. Во односите со луѓето сте или премногу отворени или крајно повлечени.


СТАПАЛА

Често мислите на  минатото и си ја уништувате сегашната среќа. Работно не знаете како да ги искористите своите квалитети, па ако сакате да успеете, не бидете тврдоглави и дозволете другите да ви помогнат.

КОЛКОВИ

Весела сте, мирна и љубезна личност. Постојано мислите дека некој се обидува да ви постави замка и дека со тоа ќе ја наруши вашата независност, а особено слободата која ја сакате најмногу од се.

ЗАДНИК

Вие имате потреба постојано да бидете активни. Но реалноста е едно, а желбите друго. Инстиктивни сте, но дозволувате и други да донесат одлуки во ваше име.  Емотивни сте, имате грижа на совест и поради тоа не знаете да уживате во секојдневните задоволства.


Фото:  medicalnewstodayHuffPostlarajaye