Ден пред Младенци, именден слави Весна-божица на пролетта: Што треба да направите на овој празник?

Весна е божица на пролетта во старата словенска религија. Зборот весна на руски јазик значи пролет и младост. Во српскиот јазик честотати се употребува изразот весник на пролетта.

Во српскиот и македонскиот народ овој збор честопати се користи како женско име.

Весна Словените ја доживувале како убава, насмеана млада девојка накитена со венци и во бел фустан. Косата и била украсена со цветни ѕвончиња. Имала крупни очи. Во долниот дел на половината имала голем цветен венец.

Весна е божица на пролетта и покрај Лада се смета за божица која е олицетворение на ведри годишни времиња. Поради овие особини, дека е божица на радосно и светло годишно време, таа била омилена меѓу народот. За тој факт сведочи и тоа што особено кај Македонците и Србите често се јавува женско име Весна. Луѓето им го давале на ќерките то име верувајќи дека нивните ќерки ќе бидат радосни и весели како божицата Весна, односно, како пролетта. Дека Весна е светло божество зборува и тоа дека на староиндијски зборот вас значи да биде светол, јасен, светлост. А токму тој збор се наоѓа во коренот на Весниното име.

Весна никогаш не била осамена. Неа ја придружувале Геровит, кој бдеел над неа, и Стрибог, богот на ветрот и воздухот. Според легендите, Стрибог Весна ја донесувал секоја пролет на крилата на лесен и пријатен ветрец.

Еден од празниците посветени на Весна го славеле сопружниците кои склучиле брак претходната година. Тоа бил еден од најрадосните празници кај Словените. За таа прилика се подготвувале колачи со мед, наречени медени колачи. Меѓутоа, овој празник подоцна црквата го поврзала со денот на четириесетте маченици, 22 март, и денас познат како Младенци. Весниниот цветен празник исто така се одржал и денес се нарекува Цветнци. Во Веснините обреди се давало на верниците да проголтаат лескова пупка или глогов лист. Децата во време на цветање на врба биле китени со врбови реси, а околу вратот им се ставале ѕвончиња. Овој обред и во христијанството го одржал своето име, а име му е Врбица. Јајца се фарбале во пролет, обично во црвена боја, која го симболизирала сонцето, огинот и топлината, која ја донесувала Весна со своето доаѓање.