Денес е харизматична црвенокоса: Ќе препознаете ли кое е ова девојче од прва?

Добивај вести на Viber

Ретко кој на прв поглед би погодил кое е ова слатко девојче во жолт фустан?

На интернационалниот ден на девојчињата, портпаролката и Раководителка на одделението за континуирани обуки во Државната изборна комисија, харизматичната Љупка Гугучевска Филипоска објави стара фотка од детстството.

Покрај фотографијата, таа напиша:

-Не знам дали...

-Да, Љупка, можеш! И често ќе мораш сама, но не плаши се. Животот ќе те однесе на чудесни места и ќе ти даде бесценети подароци. Главата горе, девојче!




Љупка денес е среќна сопруга, и мајка на преслаткото девојче Ана Марија.