Денес е ваква, веројатно без ботокси: Но пред 40 години, Снежана Ѓуришиќ беше поразлична

Добивај вести на Viber

Таа беше и остана дама во својата професија

Покрај нејзиниот вокал, на кој не можеме да одолееме со години, пејачката Снежана Ѓуришиќ спаѓа во таа ретка група на убави и дотерани жени кои изгледаат природно без претерани естетски зафати.

На една страница на Инстаграм се појави фотографија од периодот кога била девојче, поточно од 1974-та година, на која можете да ја видите целата нејзина младост и енергија. Снежана тогаш имаше долга кафеава коса, со многу малку шминка на лицето.

Тоа беа времиња кога се ценеше природен изглед, без ботокс и силикони, на што помладата популација на естрадата денес ретко одолева.