Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Добивај вести на Viber

Православните христијани денес 7-ми август, го празнуваат успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

Денес, цркавата во селото Маловишта кај Битола го празнува празникот Света Ана.

Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука. 

Црквата која денес гордo го чува ова село, изградена е во 1936 година, додека конаците, биле градени во дваесеттиот век.

Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието.

Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.Со својот маж Јоаким 50 години живеела без деца, а потоа во подоцнешните години ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а приказната вели дека во една прилика отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му е укажал ангел кој му рекол дека господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана.

Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени. 

Фото: Denovi.mk