Животна училница // Приказни
Денес скокнете го кафето, и донирајте за Дарио: Сега му требаме најмногу!
Да ја покажете хуманоста на дело ве повикува 14-годишниот Дарио Павлов од Кочани.
Ова момче има силна желба да го продолжи детството а од граѓаните бара помош за компликацијата која му предизвикала воспаление на рбетниот мозок, која пак да биде уште пострашно довело до целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува со секој изминат час.
Токму поради овие дијагнози малиот Дарио има потреба од тртман со матични клетки во Грција а неговото семејство не може да ја обезбеди па затоа и тој, а и ние ги повикуваме сите хумани граѓани да донираат на T-mobile 143-105 или ВИП 143-461 и така да му подадеме рака на момчето .
Сумата која е потребна за третманот е 30 000 евра.
Да му помогнеме на Дарио, кој тоа го заслужува.