Денови на комуникации, подаруваат онлајн предавање со еден од најдобрите ПР експерти во светот – Мариан Салзман

Добивај вести на Viber

Бидејќи секоја минута е важна, утре, на 7 мај во 15 часот Ви се нуди единствена можност за само 30 минути и со помош на еден клик на Фејсбук страницата на Денови на комуникации, да учите за комуницирањето и leadership во време на криза на тема Strange Days for Communicators – and The World  во новиот едукативен формат на фестивалот на пазарни комуникации.

На DK Talks нема да морате да внимавате на физичкото растојание ниту да носите заштитна маска – организаторите на фестивалот Денови на комуникации подготвија виртуелен подарок – предавање на Мариан Салзман која е вброена меѓу најдобрите експерти за односи со јавност во светот.

„Наместо како брендови да се подсокривате, вашите корисници сега сакаат да знаат дека искрено настојувате да придонесете. Во оваа нова ситуација луѓето на социјалните мрежи бараат нови идеи, дистракција и утеха. Накратко: сакаат да знаат дека ви е грижа. Ова не е момент за контемплација – време е за акција“, тврди Мариан Салзман, виш потпретседател за глобални комуникации на Филип Морис Интернешнел и автор и коавтор на дури 16 книги.

За Мариан Салзман, Top Woman in PR според изборот на PR Newsa и име кое сигурно го пратат најсилни епитети на водечките медиуми за односи со јавност, велат дека умот ѝ работи со толкава брзина што во минута пред вас може да стави 100 фантастични идеи – а за 30 минути можни се чуда.

Во рамките на DK Talks, Мариен со својот визионерски пристап, на агенциите, брендовите, но и на сите заинтересирани поединци, ќе им даде одговори од новата перспектива, по што ќе следи разговор со модраторката Антонија Мандиќ, кога публиката ќе добие можност и да постави прашања.

Организаторите на ДК Фестивалот, кој е погоден со кризата, сакаат да продолжат да го поддржуваат пазарот и растот на начин на кој тоа најдобро го знаат – со делење знаења – поради што учеството на ова онлајн предавање на Деновите на комуникации е бесплатно за сите.

Деталите можете да ги најдете на званичната страница https://hura.hr/vijesti/marian-salzman-gosca-je-prvog-dk-talksa-ovo-nije-trenutak-za-kontemplacije-vrijeme-je-za-akciju/?fbclid=IwAR1pvs-jylbT1zThWgrPJJylaC1QChj9_D8EoYqdQjvkwvlMEaTz3nYVgac, а на 7 мај во 15 часот приклучете се на предавањето и интересниот разговор на Фејсбук страницата на Деновите на комуникации https://www.facebook.com/danikomunikacija/ .