Гледајте во ѕвездите, а не во нозете
„Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“ (Алберт Ајнштајн)
„За 20 години, ќе бидете поразочарани за работите кои не сте ги направиле одошто од работите кои сте ги направиле. Затоа, фрлете ги јажињата. Отпловете далеку од сигурното пристаниште. Почувствувајте ги различните ветрови додека пловите. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.“ (Марк Твен)
„Похрабар е тој кој ги победува своите страсти од тој кој ги победува своите непријатели, бидејќи најтешката победа е победата врз себеси.“ (Аристотел)
„Никогаш не им го наметнувајте на другите она што не би го одбрале за себе.“ (Конфучиј)
„Секој од нас губи драгоцени нешта. Изгубени можности, пропуштени прилики, чувства кои не можеме да ги вратиме. Тоа значи да се биде жив.“ (Харуки Мураками)
„Во половина случаи успешните луѓе се разликуваат од неуспешните единствено по упорноста.“ (Стив Џобс)
„На светот си само еден човек, но на некого можеби си му се.“ (Габриел Гарсија Маркес)
„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“ (Толстој)
„Најубавите работи во животот се бесплатни. А вторите најубави се многу скапи.“ (Коко Шанел)
„Гледајте во ѕвездите, а не во нозете. Пробајте да најдете смисла во тоа што го гледате, и прашувајте се зошто постои универзумот. Бидете љубопитни.“ (Стивен Хокинг)