Десет години во брак и две деца: Запознајте го семејството на Џамбо Агушев

Добивај вести на Viber

Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев, преку социјалните мрежи се пофали дека добил престижна награда во Германија.

Според престижната „German Record Critics“, неговиот албум е прогласен за најдобар во светот за 2020 година.

Џамбо оваа убава вест ја сподели на социјалните мрежи и напиша: „ Многу сум среќен и сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако дека е награда за мојата Македонија, која ја презентираме низ целиот свет. Мојот албум е повторно награден со престижната награда на „German Record Critics“ како најдобар албум на светот за 2020. Ви благодарам на сите за вашата неверојатна поддршка, што верувате во мене и мојот оркестар!“.

View this post on Instagram

A post shared by Dzambo Agusevi Orchestra (@dzambo_agusevi_orchestra) on




Трубачот, кој по потекло е од Струмица, речиси никогаш не се појавува во јавноста со сопругата со која веќе десет години е во брак. Сопругата на Џамбо се вика Асена, таа е Турчинка која живеела во Германија. Се запознале на еден негов настап во Германија. Џамбо ја заблежал во публика, му се допаднала, и ја поканил на состанок.  


Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт.