ДЕТСКИ ИЗЈАВИ КОИ ЌЕ ВЕ РАСПОЛОЖАТ: Баба е дебела зошто е полна со љубов

Веројатно барем еднаш досега сте ја гледале емисијата „Кефалица“ или сте ја читале книгата „Olovka piše srce“. Тогаш веќе знаете што ве очекува во продолжение, млади паметни глави и нивните размислувања, смешни, но и брутално искрени..

- Повеќе ја сакам сестрата на мајка ми отколку својата. Сестрата на мајка ми, ми е тетка, а мојата не ми е ништо.

- Мамо, дали ти е жал што си дебела?

- Мојата мајка има бебе во стомакот, но не знам како го голтнала.

- На мајките не им се вика, тие се корисни.

- Кога двајца заљубени првпат ќе се бакнат веднаш легнуваат и не сакаат да станат најмалку еден час, а можеби и повеќе.

- Полуостровот е остров кој кој не е до крај направен.

- Баба е дебела зошто е полна со љубов.

- Колку е постар човекот, толку се поскапи неговите заби.

- Девојчињата не можат стоечки да уринираат зошто немаат за што да се држат.

- Кога баба ми ја болат забите еднставно ги остава во чаша.

- Немам повеќе баба, ја засадија на гробишта.

- Швајцарските крави се користат претежно за правење чоколада.

- Кога мојот помал брат се роди мораа да го стават во акумулатор.

- Не знам колку години имам, тоа постојано се менува.

- Многу се исплашив кога мама се разболе, мислев дека тато ќе готви.

- Тато живее во вакум.

- Незнам зошто мама се лути толку што ја скршивме вазата, и онака беше стара и кинеска, а не наша.

- Мојата сестра повторно помина одлична на училиште, изгледа намерно ми го прави тоа.

- Баба ми отиде на другиот свет, сега имаме некој во странство

- Жителите на Сарднија се викаат Сардини.

- За да се биде добра медицинска сестра, мора да биде целосно стерилна.

- Лекарите велат дека смртоносните болести се најлоши.

- Што е тука? Тука е кога некој те тепа!

- Како се вика младото на коњ? Знам. Конјаник.

- На Марс има живот. Но тоа е само хипотенуза.