„Девица сум но родив ќерка“: Таа е една од ретките жени во светот кои успеале во тоа, а еве и како

Седејќи во публиката додека траела емисијата посветена на мајки со бебиња, со ќерката во скутот, Кимберли Годсал се налутила кога водителот на шега изјавил: „ Па ова е единствено место каде што можете да бидете сигурни дека секоја жена во собава имала секс“. Нејзината рекација била оправдана со оглед на тоа дека таа ја родила ќерката Скарлет на 38-годишната возраст и е сеуште горда девица.

Денес кога има две години, Скарлет е веќе големо девојче и многу личи на нејзината мајка, со црвено-кафена коса и огромни сини очи.

Изненадувачки е тоа што Кимберли не е религиозна. Таа, имала и неколку кратки врски а излегувала и на состаноци со мажи кои ги запознавала на интернет се додека не ја родила ќерката на 35 години иако беше девица.

-Уште од мали нозе знаев дека иако сакам деца, и сакам да имам с**и, тоа ќе го чувам  само за личноста со која ќе се омажам. Затоа чувствував неуспех бидејќи не бев во брак до средината на 20-тите години. Не ги осудувам другите луѓе затоа што имаат многу сексуални партнери, тие можат да прават што сакаат со своето тело. И не би очекувала мојот партнер да биде девица, ни тоа ми пречи, туку тоа е она кое јас го сакав за себе, вели Кимберли.

Кон крајот на 2017 година, на 33-годишна возраст, Кимберли го направила својот прв чекор да стане мајка избирајќи донатор на сперма преку Интернет, преку Европската банка за сперма во Данска. Оваа банка на сперма и обезбедила повеќе информации за донаторите отколку другите даватели на овие услуги. Таа одбрала Американец кој бил интелигентен и креативен со црвено-кафена коса и сини очи, поточно затоа што тој имал сличен изглед на неа.

Кимберли одбрала да биде свесна наместо под анестезија за време на процесот на вештачко оплодување, но тоа се воспоставило дека била огромна грешка бидејќи се покажа како едно од најтрауматичните искуства во нејзинот живот. Тие користеле спекулум за да ја отворат вагината што било премногу болно за неа.

- Беше толку болен процес што плачев додека прекрасната медицинска сестра ми ја стискаше раката. После ми рекоа дека мојата реакција се сведува на тоа што сум девица. Психолошки, колку и физички, не бев навикната на никаква активност таму долу, рече Кимберли.

Откако потрошила 16.000 фунти за процесот на оплодување, Кимберли конечно забременила.

-Можеби не го добив мажот или големата бела венчаница за која сонував, но бев толку среќна дека станав мајка, изјави Кимберли.