ДЕВОЈЧЕ! Александра Пријовиќ проговори за втората принова!

Добивај вести на Viber

Популарната пејачка посакува мало девојче, го отвори срцето пред колешката!

Младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ и се отвори на колешката Светлана Цеца Ражнатовиќ и откри дали би сакала нејзиното следно дете да биде момче или девојче.

- Би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и се да биде како што треба. Но, кога би можела да бирам, би сакала девојче - искрено одговорила Александра.

– Убаво е да имаш и момче и девојче – продолжи Цеца на „ТВ Блиц“.

Да потсетиме, Александра и Филип веќе го имаат синот Александар, кој Прија го роди пред четири години. Тој е миленик на мама и ја придружува на сите концерти, а често излегува и на сцената со неа.


Александра и Филип застанаа на „лудиот камен“ во 2018 година, а во регионот се пишуваше за нивната венчавка. Прија често зборува за нивната љубов, а во една прилика откри дека знаела дека Филип ќе биде љубовта на нејзиниот живот штом ќе го запознала.

- Штом го запознав знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан во Вождовац. Веднаш ме освои со своите манири, начин на размислување и ставови. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е тој. Ме воодушеви првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што би сакала да пијам и да јадам, да донесам. Реков „ништо“, бидејќи знаете како е на почетокот, кога некој ви се допаѓа, ниту сте гладни ниту жедни – изјави тогаш Пријовиќ.