15-годишна тајно отишла во Турција на зголемување на гради, па се случил хорор: Страшна приказна од Англија

Добивај вести на Viber

15-годишна девојка од Англија, која заминала во Турција на операција на градите без знаење на родителите, морала да оди на нова процедура кога се вратила во Обединетото Кралство за да ја санира штетата, откри врвен хирург.

Д-р Марко Пацифико, претседател на Британската асоцијација на естетски пластични хирурзи (BAAPS), изјави дека колега од Националната здравствена служба (NHS) му кажал за третманот на тинејџерка чија операција тргнала наопаку.

Пластичниот хирург, кој води приватна клиника, рече дека лекарите со кои разговарал во јавниот сектор редовно имаат пациенти кои оделе на евтини процедури во странство, но завршиле лошо.

Многу пациенти кои се враќаат од Турција го користат NHS како „заштитна мрежа“ и „неправедно блокираат кревети“ - при што даночните обврзници се принудени да ја платат сметката, која достигна милиони фунти во последниве години.

Имаше бум во хируршкиот туризам во последниве години и Британската медицинска асоцијација вели дека повеќе Британци умираат или имаат потреба од итна помош кога ќе се вратат во Обединетото Кралство откако заминале во странство за операција на гастричен бајпас со намалена цена.

Кризата предизвикува одложување на рутинската нега кај други пациенти, како што се замена на колк и колено, бидејќи овие здравствени туристи се повеќе ги зафаќаат креветите на NHS, беше кажано на годишниот состанок на синдикатот минатиот месец.

Ревизијата на BAAPS минатата година покажала дека 324 Британци побарале медицински третман или корективна операција откако отишле под нож во странство, иако реалната бројка се очекува да биде далеку поголема.

Лекарите споделија приказни за операции во Турција кои ги оставаат пациентите со инфекции опасни по живот, импланти кои пукаат низ кожата и згрутчување на крвта, но и други.

Според лекарите, Британците хируршки зафати освен во Турција прават и во Чешката Република и Литванија.


Фото: фреепик

Извор: телеграф