Диета со кајгана: Звучи неверојатно, но е ефективно

Добивај вести на Viber

Нов тренд помеѓу дамите кои сакаат да ослабнат неколку килограми во летниот период е диетата со кајгана. Звучи неверојатно, но е ефективно со помош на неколку трикови. 

Познато е дека свежите јајца имаат многу белковини, витамини А, Д, Е и К, но и Б-витамин и минерали. Можат да ве заситат, а се приготвуваат брзо и на повеќе начини. Ако ги јадете за појадок, ќе ви ја дадат потребната енергија.

Наместо наутро да изедете две парчиња тост или пециво со салама, многу подобра опција е да си приготвите кајгана со свеж патлиџан и млад кромид (нормално без леб). Вака, шансите се до 65 отсто поголеми да ја намалите тежината.

Сепак, не е препорачливо секој ден да јадете кајгана. Нека појадокот ви биде разноличен, па понекогаш може да се почестите со зрнесто овошје и со нискокалоричен јогурт.

Кајгана за вечера е вкусна и одлична алтернатива за слабеење. Јајцата се најдобар оброк и после трчање, теретана или јога, бидејќи ги содржат потребните белковини кои го регулираат растот на мускулите. Значи, наместо пица и тестенини едноставно испржете си вкусна кајгана.