СОВРШЕНО МЕНИ: Изгубете до 8 килограми без да гладувате

Добивај вести на Viber

Овој четиринеделен план на исхрана е осмислен да не се почувствувате никогаш гладно. Така, кога ќе појадувате, ручате или вечерате ќе бидете толку сити што нема да имате потреба да јадете нешто друго.

Ова диета е добра за луѓето со голем апетит, но и за оние кои се откажуваат од диетите бидејќи секогаш се чувствуваат гладно.

Што треба да правите?

-  Направете план за секој ден во неделата што ќе јадете за појадок, ручек и вечера. Морате да јадете во исто време.

-  Разликата меѓу оброците не смее да биде погoлема од 4 часа.

-  Меѓу оброците не е дозволена дополнителна храна, но нема да ви биде потребна бидејќи се чувствувате сито.

-  Пијте осум чаши вода на ден.

-  Чај и кафе без шеќер

-  Заборавете на алкохол и слатки

МЕНИ

Појадок

50 грама мусли со млеко или јогурт и една рака сечкано, свежо овошје

2 интегрални тоста, 100 грама немасно сирење и банана

2 парчиња немасна шунка, варени јајца, чаша сок од портокал

2 парчиња немасно сирење, 2 мали домати, јаболко

80грама туна, интегрални кифли, чај без шеќер

Чаша јогурт со една лажичка мед

Кајгана со малку шунка, чаша сок од портокал

Ручек

250 грама пилешки гради, зелена салата со малку маслиново масло и оцет

Салата со фета:  зелена салата, два домати, мала пиперка, 150 грама фета, прелив од сок од лимон

200 гр варено говедско месо, свежа зелка салата, јагода, мешани јаткасти плодови

Рижото од 250 грама мисирка, 100 гр интегрален ориз и црн кромид, зелена салата

200 гр лосос на скара, 150 г слатка пченка, 150 гр грашок, 100 гр овошна салата

200 гр говедско месо, 200 гр грав, бибер, домат, портокал

300 грама олсиќ, 150 грама салата од компири и јаболко

200 грама лосос, 200 грама брокула

250 грама мисирка, варен компир, 200 грама пченка

300 грама морски плодови, зелена салата, јогурт со лажичка мед

Кајгана со две јајца и малку шунка, неколку шампињони и домати

Мала конзерва туна, млад кромид и домати, 2 топчиња сладолед од ванила

250 грама телешко месо, мала зелена салата

Шпагети, сос од домати

Диетата добро балансира, така што организмот добива тоа што му е неопходно. Добро е во салатите секогаш да користите лимон. Овошјето може да го поделите на два дела, да јадете два часа пред ручек и два часа по ручек.