Димитар Атанасовски емотивно: „Мајка ми ме научи, што и да се случува во животот, шоуто мора да продолжи“

Добивај вести на Viber

Смртта на родител е трауматично искуство. Тагата и болката кои се чувствуваат се нешто кое нема конкуренција. Не постои погоден момент за загуба на родителот, велат, секој период од животот на детето кое губи родител е тежок и тажен.

Водителот Димитар Атанасовски ја загуби својата мајка многу рано како псоледица на подмолна болест. Тој во емисијата на Давид раскажа како усепеал да ја надмине тагата и како се соочил со една од најголемите трауматични искуства во животот.

- Мајка ми на многу чуден начин, многу брзо си замина од овој свет, затоа што и беше дијагностициран канцер во јули а во декември веќе почина. За мене тоа беше некако многу брзо, и многу се развиваше брзо, ама мајка ми ме научи, што и да се случува, животот оди понатаму. Мајка ми дента ја погребавме поладнето отидов на емисија на радио. Затоа што знам дека тоа е... нешто кое мајка ми би го сакала. Не би сакала да отидам дома и да плачам 40 дена и да кажувам колку ми е тешко и да им се јавувам на луѓе... Да мајка е, нема како да не ти е тешко ама мора да се собереш и да сфатиш дека – шоуто мора да продолжи, изјави водителот.

Иако не е лесно, Димитар сепак го одбрал најдобриот можен начин како да ја надмине тагата и загубата на мајката, која несомнено секогаш ќе му недостасува.

Фото:Instagram