Династијата Трамп ја објави првата фотка од цело семејство: Тука се и внуците, а неа ја нема никаде-каде е Меланија?!

Добивај вести на Viber

Фотографијата ја објави 17-годишната Кај Трамп, ќерка на Доналд Трамп Џуниор и внука на Доналд Трамп, со натпис „Цела екипа“.

На првата семејна фотографија од семејството Трамп откако Доналд Трамп беше избран за 47-ми претседател на САД, позираа сите членови освен Меланија. Исто така, тие имаа и еден соработник - Илон Маск.

Илон Маск, милијардерот и сопственик на компаниите Tesla, социјалната платформа X, SpaceX и Neuralink, кој себеси се нарекува „застапник на апсолутна слобода на говорот“ и водечки финансиер на изборната кампања на Трамп, не е изоставен од сликата.

Глетката ги поттикна шпекулациите за односот меѓу Маск и Трамп, како и за неговата можна улога во претстојната администрација.

На сликата се Трамп, неговите пет деца, пет внуци, како и Илон Маск. Единствено исчезнато лице е првата дама Меланија Трамп. Маск застана до Лара Трамп, снаата на Трамп, а неговото присуство предизвика интерес за негово можно вклучување во следната администрација.


Светските медиуми пишуваат дека оваа блискост може да укаже на соработка или советодавна улога во области кои го интересираат Маск, како што се вселенските истражувања, вештачката интелигенција и енергетските решенија.

Засега нема официјални најави за улогата или плановите на Маск во врска со новата администрација. Сепак, присуството на толку значајна фигура на семејната фотографија од висок профил навестува дека неговото влијание може да биде присутно на неочекувани начини во наредните години.

Покрај Маск, на сликата се и зетот Мајкл Булос, Тифани Трамп, Доналд Трамп Џуниор, Ки Трамп, Барон Трамп, Доналд Трамп, Клои Софија Трамп, Тристан Милош Трамп, Ванеса Трамп, Спенсер Фредерик Трамп, Доналд Џон Трамп III, Иванка Трамп, Џаред Кушнер, Ерик Трамп, X-AE-A12 и Лара Трамп.

Неколку часа откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, освои доволно електорски гласови за втор мандат, Меланија Трамп синоќа на мрежата Х изјави:

- Мнозинството Американци ни ја доверија оваа важна одговорност. Ќе го заштитиме срцето на нашата република - слободата. Очекувам дека граѓаните на нашата нација повторно ќе се обединат во посветеност еден на друг и ќе се издигнат над идеологијата заради индивидуалната слобода, економскиот просперитет и безбедноста. „Американската енергија, вештина и иницијатива ќе ги спојат нашите најдобри умови за да ја придвижат нашата нација засекогаш напред“, напиша таа.


ФОТО: Твитер