Директно во живо таа сними сѐ: Ракометар (од Хрватска) брутално ја тепа својата сопруга- „Сакам да ја објавите снимката, тоа ми е единствена шанса за спас“
Денис Бунтиќ, поранешен ракометар на хрватската репрезентација, е приведен во Љубушки поради семејно насилство, а полицијата во куќата пронашла цел арсенал оружје. Сепак, за жал, тој по изјавата е пуштен на слобода и нема да биде приведен.
Денис Бунтиќ, поранешен ракометен репрезентативец на Хрватска, бил сниман додека ја тепал неговата соприга која го фотографирала во пијана состојба, а три часа по тоа тој ја претепал.
-Многу ми е тешко да зборувам за сето ова, во шок сум, апсолутен шок. Тешко ми е, сето ова го поминувам со емоции, на крајот на краиштата, тој е мојот сопруг. За жал, отсекогаш имало насилство, но никогаш со ваков интензитет во последните години. Најголем дел од насилството се случи кога бев во блажена состојба, завршив со предвремено породување, за среќа се помина добро“, изјави Клара Бунтиќ, сопругата на Денис Бунтиќ.
Сè се случило во Љубушки, каде живее парот. Овој пат, вели таа, ја видела смртта пред очи, искористила мал момент на невнимание, го прегазила балконот и ги повикала своите роднини, а потоа пристигнала полиција.
-Ме тепаше со раце и нозе, со се, мислам дека беше некој предмет, ми се чини дека беше фен. Ме удираше по глава, ребра, кај стигна...“, раскажа таа и додаде дека за време на насилството тој бил во алкохолизирана состојба и дрогиран.
-Последен пат беше насилен ден пред крштевањето на детето, додека ме удираше, го имаше детето во раце. Никој од присутните не го спречи, токму затоа што бебето беше со него“, тврди таа.
Денис Бунтиќ се прости од ракометната кариера во 2018 година. Во дресот на Хрватска освои две светски сребра, европско сребро и бронза, како и олимписка бронза во 2012 година. Играше на десната крилна позиција, висок е речиси два метри. Хрватскиот ракометен сојуз најостро ја осудува секоја форма на насилство, па и оваа.
-Ова го дознавме од медиумите. Додека беше член на нашите селекции, никогаш не покажуваше особена агресивност, освен на спортскиот терен во жарот на битката. Исто така, никогаш не спомна никакво оружје, а камоли дека поседувал, пишува во пораката на ракометниот сојуз.
Откако бил приведен и сослушан, Бунтиќ бил ослободен. Полициските службеници при претрес на куќата пронашле и поголема количина оружје.
-Беше навистина сигурен дека ќе ме убие. А зошто има толку оружје? Не знам, за настани, за лов. Поседуваше четири автомати, автоматски пушки, калашникови, бомби, пиштоли. Седум полицајци дојдоа на куќа, пребара сè, изјави сопругата.
Таа бара и заштита на институциите во Босна и Херцеговина.
-Ве молам случајот да се префрли на друг суд, бидејќи тој има преголемо влијание овде во Љубушки, се плашам за мојот живот, за животот на моето дете, како и за мојот брат затоа што му се закануваше дека ќе го убие , дека ќе не убие сите, за да доврши. Ова е човек кој не можам да престанам да го сакам преку ноќ, сето тоа го издржав затоа што го сакам, заклучила таа.
Ве предупредуваме дека снимката е многу вознемирувачка, а можете да ја слушнете во продолжение:
Фото:instagram/klarabuntic