dm дрогерие маркт ја одбележува Светската недела на доењето со поддршка на бројни активности за новите и идните мајки во организација на Бебелогија - Школо за трудници и Доење со љубов

Добивај вести на Viber

Од 1 до 7 август се одбележува Светската недела на доење, а општествено одговорната компанија дм дрогерие маркт, во соработка со Бебелогија во овој период ќе организираат богата програма на едукативни и забавни активности кои ќе им бидат од помош на сите идни или нови мајки, но и на сите оние кои сакаат да научат повеќе за лактацијата и доењето! 

Подготовката за раѓање на бебето е нешто кое ги прави трудниците многу возбудени, но и загрижени. Една од најважните одлуки кои треба таа да ги донесе овој период е како ќе го храни нејзиното најмалечко. Но, што е тука најважно? Информираноста, мислењата и поддршката како од најблиските, така и од стручните лица.

„Многу сме среќни што сѐ повеќе луѓе нѐ препознаваат како компанија која постојано дава неизмерна поддршка за зајакнување, информирање и едуцирање на жените. Овој пат, сакаме да бидеме дел од најубавиот, но и најпредизвикувачкиот период во животот на една девојка или жена – а тоа е носење на свет на своето најмалечко и доењето. Сакаме заедно да го изодиме овој пат и да овозможиме што поголем број на активности низ кои тие ќе се пронајдат во текот на оваа седмица!“ – Изјавува Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm дрогерие маркт.

Во текот на оваа Светска недела на доење, ќе може да ги проследите следните активности:

-  1-3 август: ,,Премостуваме разлики“ – тука се вклучени бројни онлајн активности поврзани со поддршка во доењето за сите (споделување на лични искуствa за доење, едукативни видеа и едукативен материјал за понатамошно преземање)

-  3 август: Онлајн проекција на документарен филм ,,Еast meets West – for the protection, promotion and support of breastfeeding’’ во 18 часот

-  4 август: Онлајн едукативни работилници од 11 до 13 часот – Неуспешни доенечки приказни, успешно доење и напредување на бебето и доење и спиење

-  5 август: Едукативна дружба во кафулето ,,Драмски бар“ од 18:30 часот

-  6 август: Онлајн едукативни работилници од 11 до 12 часот за поддршка на доење на повеќе од едно бебе и поврзаноста на френулумот со моторниот развој кај бебињата

-  7 август: Онлајн разговор со креаторот на филмот ,,Еast meets West – for the protection, promotion and support of breastfeeding’’

Сите онлајн активности ќе може да ги проследите на социјалните мрежи на Доење со љубов и Бебелогија, како и на платформата ZOOM, каде ќе може да се приклучите преку овој линк, а низ истите ќе ве водат Јасна Апостолски-Николов - дипломирана медицинска сестра, меѓународен консултант за доење – IBCLC и сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници, Драгана Емел Марковска – специјалист педијатар и Наташа Ц. Тодосовска – специјалист за доење и лактација.

„Доењето е моќно, убаво, но честопати и предизвикувачко искуство. Безброј пати сте сретнале, прочитале, слушнале дека доењето не е само начин на хранење на бебето, туку и најголемата емотивна врска помеѓу мајката и бебето. Затоа оваа Светска недела на доењето под мотото Премостуваме разлики – поддршка во доењето на сите, сакаме да стигнеме до што поголем број на девојки и жени за да им го олесниме нивното секојдневие! – изјавува Јасна Апостолски-Николов.

За потсетување, минатата година dm заедно со Јасна Апостолски-Николов обработија повеќе теми од областа на бременоста, доењето и одржаа online обука за доење. Дополнително, следачите на социјалните мрежи на dm имаа можност да ѝ постават прашање на Јасна, а одговорите на овие прашања може да ги прочитате тука!

ПР објава