„Низ град со Кики“ - Секоја сабота во 19 часот на МРТ1
Еј кај си? – Низ град
Вака мене ми почнуваат разговорите со другарките, другарите, родителите. Мене, а верувам и на многу други.
Скопје е мој град, на кој искрено се радувам секој пат кога ќе излезам навечер, дење на кафе со другарките, секогаш кога се враќам од некое патување. И секој пат сакам да ја видам неговата УБАВА страна, а не полните контејнери, искршените лулашки и клупи. ЈА САКАМ убавата страна на градот. А ретко кој нè прашува нас тинејџерите, што НИЕ сакаме? Епа еве: искрен разговор, позитивни модели на идентификација, нова убава музика, нови содржини и нови предизвици кои ќе нè направат да се чувствуваме корисни и вредни за внимание. Накратко, тоа е НИЗ ГРАД СО КИКИ: музика, филм, театар, мода, фитнес, здравје и СÈ што може да значи додадена вредност во нашето секојдневие, раскажано низ позитивни примери кои заслужуваат внимание и простор во медиумите.
Емисијата е резултат на цела година истражување и разменување мислења со експерти од разни сфери и личности од јавниот живот во Македонија.
Премиерно ќе се емитува еднаш неделно на МРТ1, секоја сабота во 19 часот, а потоа на каналите на социјалните мрежи.
*Пр објава