Ретко ја гледаме во вакво издание иако тоа е нејзина професија: Зуица Лазова со првата љубов подготвува нов музички проект

Добивај вести на Viber

Македонската фолк – пејачка Зуица Лазова, сопруга на извонредниот машки вокал Наум Петрески објави фотографија со нејзините помлади колеги.

Зуица со фотографијата изненади бидејќи обично ја гледаме со микрофон в рака, но овој пат со нејзината прва љубов – хармониката.

Инаку освен што е една од најистакнатите македонски пејачи, Зуица е учител по хармоника во музичкото училиште во Скопје.

Токму тој нејзин талент ќе го искористи во новиот проект кој го подготвува заедно со младите музичари Илија Филиповски-виолинист и Војче Петрушевски-хармоника кои и двајцата се дел од групата „Маестро“.

Нема сомнеж дека ова ќе звучи многу добро, младоста и искуството споени во музика.

Фото: Инстаграм
РЖМ