Дневен хороскоп за 22 февруари: Еден знак ќе започне тајна романса
Вага
Конфронтација со колегите поради разни сплетки може да го одбележи овој ден. Ве очекува напната атмосфера во разговор со претпоставените. Се сомневате дали да стапите во врска со личност која не е сингл. Пред вас е почеток на љубовна врска, но под превезот на тајноста.
Шкорпија
Еден деловен соработник тврдоглаво ги брани своите ставови. Клучот за успехот ќе бидат вашите лични презентациски вештини. Ве привлекува донекаде ексцентрична и контроверзна личност. Можна е страсна, но комплицирана врска меѓу вас.
Стрелец
Овој ден ќе биде особено успешен за оние Стрелци кои се занимаваат со трговија и финансии. Можно е ненадејно службено патување. Премногу сте фокусирани на работата и почнавте да го запоставувате партнерот. Променете ја таа лоша навика на време.
Јарец
Деловната соработка со некои пријатели може да ги покаже првите финансиски резултати. Успех преку соработка со странство. На патување ќе запознаете многу интересна и привлечна личност. Сепак, врската на далечина може да ви биде тешка подоцна.
Водолија
Марс престојува во вашиот знак и ви носи проширување на кругот на соработници. Овој период ви носи примена на нови методи на работа и промени во работната средина. Врската со партнерот нема континуитет бидејќи сте премногу преокупирани со обврските. Посветете му повеќе време на партнерот.
Риба
Клучот за успехот е да го реорганизирате начинот на кој работите и да ги применувате напредните идеи. Постои можност за ненадејно патување во странство. Големиот број на излегувања во овој период може да ви донесат можност да ја запознаете вашата сродна душа.