Дневен хороскоп за понеделник: Девиците пред нова врска, Близнаците ќе се истакнат на работа
Овен
На основа на вашето долгогодишно искуство лесно ќе остварувате успех и ќе ги поправате грешките на другите. Можно е некое пријателство полека да прерасне во шанса за емотивна врска. Бидете поотворени.
Бик
Чувствувате олеснување, бидејќи ги решивте прашањата кои ве мачеа подолго време. Максимално сте фокусирани на љубовната врска, која сепак не оди по оној кој по кој сметавте дека ќе оди. Неопходен е разговор со партнерот.
Близнаци
Сакате да напредувате и своите идеи јасно и отворено ги покажувате пред другите. Сакате да се докажувате. Можно е кратка врска или авантура со личност која веќе ја познавате. Многу сте активни на љубовно поле.
Рак
Упорни сте во тоа да остварите соработка со личност која не ја познавате доволно. Сметате дека не може да ви се нанесе штета. Иако генерално не сте тип за минливи врски, денес токму тоа ќе си го дозволите.