Дневен хороскоп за понеделник: Овенот ќе биде разочаран од партнерот, за Лавот ова е важен ден за промени
Овен
Може да очекувате дека со своите одлуки ќе може да влијаете на промени во опкружувањето. Разочарани сте од саканата личност. Пред вас е период во кој ќе сакате да ја прекинете емотивната врска.
Бик
Поволен ден за вас, без стрес и тензии. Тивко патите за личноста која ја сакате. Се надевате дека комуникацијата помеѓу вас ќе се подобри.
Близнаци
Полни сте со енергија и активни сте. Посветени сте на обврските на вистински начин, што нема да помине незабележано. Работите се одвиваат малку побавно со личноста која ви се допаѓа, но тоа не ви е проблем, подготвени сте да чекате.
Рак
Ве очекува позитивен ден во кој ќе остварите многу успеси. Личноста која ви се допаѓа е подготвена да направи конкретен чекор. Вие тоа интуитивно го чувствувате, но стравувате дека реалноста ќе ве демантира. Послушајте ја интуицијата.