Дневен хороскоп за понеделник: Подгответе се за одличен ден полн со можности
Лав
Иако почетокот на денот ќе ви биде стресен и исполнет со обврски, ќе успеете да ги остварите сите планови. Доколку сте во врска може да се појави љубомора. Слободните Лавови ќе имаат можност да запловат во врска со личност која ќе им одговара во сѐ.
Девица
Иако ќе се соочите со повремени проблеми, тоа сфатете го како нешто што не може да го избегнете. Бидете внимателни кога е во прашање комуникацијата со личноста која ја сакате.
Вага
Овој ден е богат со можности, особено кога станува збор за активности со новите луѓе кои ги запознавате. Вагите кои се во врска може ќе посакаат да заполоват во некои посериозни води. На слободните поинтересно ќе им биде уживањето, отколку нешто посериозно.
Шкорпија
Еден од бројните денови полни со обврски е пред вас, но вашиот труд ќе се исплати. Доколку сте слободни, ви се насмевнуваат поволни околности, но под услов да сте подготвени да се поврзете со некоја личност.