Дневен хороскоп за вторник: Еден знак мора да биде внимателен со парите
Лав
Имате страв од тоа дека некој се обидува да ви ја преземе деловната позиција. Поработете дополнително на своите интереси. Очекувајте убави вести од саканата личност. Можно е да бидете задоволни со случувањата.
Девица
Се двоумите помеѓу две различни деловни понуди. Препораката е да ја одберете онаа која е финансиски поисплатлива. Партнерот во последно време се чувствува запоставено, како сите други луѓе да ги ставате пред него.
Вага
Поведете сметка за преголемите трошоци кон кои сте склони. Во скоро време не се гледа некој прилив на пари. Доколку сте слободни ве очекуваат нови бројни познанства, флерт и интересни случувања на љубовно поле.
Шкорпија
Забележувате некои неправилности во работата со која се занимавате, некој го заобиколува законот, а вие не знаете како реагирате. Може да очекувате еден интересен љубовен предлог од страна на саканата личност.