ДНК дел од акцијата биди кул седи дома: Најавуваат лајв концерт за утре
Дуото ДНК, Панчо и Андреј со убави вести. Со оглед на актуелната ситуација со коронавирусот и домашната изолација, бендот одлучи да ги изненади граѓаните и да им го направи домашниот престој интересен. Утре, понеделник во 21:00 часот ќе имаат Live stream концерт. Целиот фејсбук статус, со сите детали за концертот ви ги пренесуваме во целост:
„Здраво здраво добри луѓе
Со оглед на актуелната ситуацијата со коронавирусот знаеме дека на сите
вас/нас ни е многу досадно. За таа цел заедно со нашиот бенд решивме да
ве изненадиме, а воедно и да ви го направиме поинтересен домашниот
престој
Утре/Понеделник со почеток во 21ч ќе направиме LIVE STREAM (
видео/аудио ) концерт од едукативно-забавен карактер и пред се во
домашен амбиент, се со цел да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за
тоа дека е најбитно во ова време да се #ОСТАНЕ_ДОМА Ќе се дружиме интерактивно ќе #ШИЗИМЕ_И_ПЕЕМЕ_ПО_ДОМА,
а вие изолирајте се, следете ги препораките од министерството за
здравство и напишете ни која песна сакате да ја слушнете од репертоарот
на ДНК
ПС - ПИЈАЧКАТА НА СИТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ОД КУЌАТА
Ваши Панчо и Андреј ❤️
#БИДИ_КУЛ_СЕДИ_ДОМА“