„До вечноста“: Моделот Мартина Михајловска и бизнисменот Виктор Илоски прославија годишнина
Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, успешниот модел Мартина Михајловска и нејзиниот сопруг бизнисменот, Виктор Илоски прославија годишнина од бракот.
„Среќна годишнина љубов, до вечноста“, на Инстаграм стори напиша нејзиниот сопруг, а таа тоа го пресподели.
Младите родители се 6 години во брак, а плод на нивната љубов се нивните две деца Алана и Матиас.
Свадбата беше во Охрид, а таа како невеста беше навистина сензуална.
Мартина млада стана мајка и за таа тема во нејзиното неодамнешно интервју за Женски магазин вели: „Морам да признаам дека пребрзо животот ме порасна и созреа со оглед на тоа дека започнав да работам и заработувам на 16 години. Па како во работата и животното искуство така и во мајчинството. Доколку го најдеш правиот партнер сулудно е да би било покасно, како за многу работи па така и за ова нема правила, веројатно кој кога треба и сака“. Повеќе прочитајте ОВДЕ.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива