ДОАЃА ПРВИОТ ПОГОЛЕМ СНЕГ: Температурите ќе паѓаат, еве што велат метеоролозите
Метеорологот Славчо Попоски со најнова временска прогноза.
,,По краткотрајната стабилизација на времето која пристигна во Македонија, во среда во попладневните и во вечерните часови повторно од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд од локален карактер, а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Потоа во четврток повторно следува краткотрајна стабилизација на времето.
Веќе од петок попладне, како и за време на викендот под влијание на нова циклонска активност од запад повторно ќе имаме нови обилни врнежи од дожд. Во петок ветерот ќе биде од јужен правец, додека за време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, со што од север кон нашата територија ќе се спушти постуден воздух, а температурите значително ќе опаднат.
Токму овој студен бран на планините ќе предизвика врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег. Овој пат снежната граница ќе се спушти до 1500 м.н.в.
Детали на фактор.мк