Доби милиони, но не и сигурност: Најпознатата арапска принцеза побегна од шеикот, вака ќе изгледа нејзиниот живот отсега

фото:PROFIMEDIA

По две и пол години, точка е ставена на најголемата разводна спогодба во Британија. Арапската принцеза Хаја Бинт ал-Хусеин, која летото 2019 година побегна од својот сопруг, шеикот Мохамед бин Рашин Ал Мактум, доби дел од своето огромно богатство преку судови. Но, тој сè уште не може мирно да спие.

Според официјалното соопштение на семејниот сектор на британскиот Врховен суд, кој се занимавал со разводот на принцезата Хаја (47), ќерка на покојниот крал Јордан, и шеикот Мохамед Ал Мактум (72), владетел на Дубаи и еден од најмоќните мажи во арапскиот свет, поранешните сопружници се спогодиле околу сумата на пари. Поранешниот сопруг на принцезата Хаја, мораше да ја „награди“ со 554 милиони фунти, што е најголемата „исплата“ за развод во историјата на британската правда.

Претседавачкиот судија Мур ја објасни астрономската бројка со оправданите стравови дека шеикот е закана за принцезата и нивните две малолетни деца, принцезата Џалила (14) и принцот Зајед (9), кои ја напуштија својата татковина со својата мајка пред две години во страв за нејзиниот живот.

„Постои јасен и секогаш присутен ризик за принцезата и нејзините две мали деца“, се вели во пресудата од 73 страници, во која експлицитно се споменува шеикот Мохамед бин Рашин Ал Мактум како главна закана.

Во согласност со неговата одлука, судијата Мур детално објаснил на што ќе треба да го потроши богатството принцезата. Паушална сума од 251 милион фунти би требало на принцезата да ѝ овозможи мирен живот: поточно безбеден дом, орда телохранители и други служби кои би го спречиле нејзиниот поранешен да ги киднапира неа и нејзините деца и да ги врати во ОАЕ. 

Имено, откако Хаја во 2019 година го напуштила сопругот со кој била во брак шеснаесет години, побарала азил во Германија, а како причина за официјална заштита изразила стравување дека сопругот насилно ќе ја врати во нивниот дом.

Бегањето на арапската принцеза привлече огромно медиумско внимание бидејќи дотогаш се сметаше дека таа и шеикот Мухамед имаат хармоничен брак.

Хаја стана шестата сопруга на шеикот кога имала 30 години, а покрај тоа што тој е повеќе од 25 години постар од неа, честопати јавно го фалеше додека беа заедно, вклучително и дека е прекрасен татко.

Таа зборуваше дека не е типична Арапка, дека има апсолутна слобода, често патуваше во странство, беше активна на социјалните мрежи... Дека вистината за нивниот брак е поразлична, се дозна кога побегна од него. Прво во Германија, а потоа и во Велика Британија, каде што се уште живее со своите деца. Нивниот развод, полн со пресврти, британските медиуми го нарекоа „најпознатото кралско раскинување по Чарлс и Дијана“.

Нов живот во Обединетото Кралство

Хаја побегнала од сопругот неколку месеци откако неговата ќерка, принцезата Латифа, била насилно вратена дома од странство и приведена. Таа тврди дека после тоа се плашела и за својот живот, а по бегството во Англија брзо се појавиле гласини дека имала афера со нејзиниот телохранител Расел Флорс, поради што нејзиниот поранешен сопруг отворено и се заканувал. Таа пред судот изјави дека се плаши за безбедноста на своето семејство и дека во два наврати нашла пиштол на нејзиниот кревет. Нејзиниот адвокат нагласи дека шеикот ја користел својата моќ за да „ѝ се заканува, ја заплаши, малтретира и угнетува“.

„Мејл онлајн“ пишува дека оваа пресуда за разводот открила дека Хаја еднаш платила седум милиони фунти на уценувачи кои се заканувале дека ќе ја откријат нејзината афера со телохранителот. Давајќи докази, принцезата признала дека земала пари од банкарските сметки на своите деца за да ја плати бараната сума. Флауерс, кој служеше во кралскиот полк на принцезата од Велс пет години, работи за Хаја од 2016 година. Но, Флауерс одби да коментира за аферата, цитирајќи договор за доверливост.

Хаја и нејзините деца моментално живеат во Лондон, недалеку од домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а јорданската амбасада ја прогласи за дипломат во октомври 2019 година, со што ѝ обезбеди дипломатски имунитет и заштита, како и право да остане во Обединетото Кралство. Иако ова ќе ѝ овозможи на принцезата да продолжи да ужива во луксузот што го имала како сопруга на шеик, таа е за 900 милиони фунти помалку од она што го побарале нејзините адвокати. Покрај тоа, многумина ја нарекуваат нејзината победа Пирова, бидејќи парите не можат да купат 100% безбедност.

Принцезата Латифа беше киднапирана од јахта на брегот на Индија во 2017 година, а принцезата Шамс беше киднапирана додека беше во Кембриџ и се врати во Дубаи во 2000 година. И двете принцези се деца на шеикот Мухамед со една од неговите други сопруги, Хурија Ахмед ал Мааш.

За време на таа битка за старателство, 73-годишниот шеик - близок пријател на кралицата Елизабета, поради нивната заедничка љубов кон трките со коњи - нареди хакирање на телефоните на неговата поранешна сопруга и нејзините адвокати, вклучувајќи ја и бароницата Фиона Шеклтон. Одвојувајќи милиони за безбедноста, судијата Мур рече дека постои „јасен и секогаш присутен ризик“ за принцезата и нејзините две мали деца.

извор:stil.kurir.rs

Што се случува со заробената принцеза Латифа: Зошто никој да не може да ја ослободи?!