„Добив награда за животно дело, 45 години секој ден …“: Стојна Костовска по долги години проговори за својот приватен живот
Актерката Стојна Костовска од отсекогаш важела за дама со стил. Една од најдобрите актерки кај нас, која од неодамна замина во пензија. Во неколку децениската кариера има огромен број одиграни улоги, награди и признанија. Но зад кулисите таа е вредна сопруга и мајка, посветена домаќинка, која ги обожува празниците и ужива во уредување на домот.
И да, не е лесно да сте успешни на секое поле и ретко која жена е способна да „владее“ во сите сфери. Сепак велат, саканите жени можат и планини да поместат, што е случај и со Костовска.
Иако ретко зборува за приватниот живот, овој пат таа одлучи да си ја „отвори“ душата и да проговори. Вели, добила награда за животно дело, а потоа направи кратко животен осврт:
„Добив награда за животно дело: 45 години секој ден готвење, перење, чистење, пазарење, средување куќа, мајстори за дефекти во истата, чување свекрва 94-годишна/неподвижна/дементна, а каква сопруга и мајка нека остане тајна. Велат дека сум била добра домаќинка, епа …!?“, напиша актерката.
Пофалните комнтари под објавата не стувнуваат, заслужено. Секоја чест!
Фото:facebook