Актуелно // Insta вести
Добри мои луѓе, само не ме жалете, јас сам себе ќе се жалам: Зоки Фаци им благодари на сите за поддршката
Откако Стефан Лазаров, водителот и јутјубер, но и најдобар пријател на Зоки Василевски или како што го знаеме Зоки Фаци, утринава упати апел до сите граѓани за помош во борбата со канцерот, Зоки се заблагодари на сите за несебичната поддршка.
Тој вели дека е трогнат од сите пораки за негово поскоро оздравување и гестовите на оние кои во првиот момент решија да му дадат поддршка.
Во изјава за медиуми, Зоки вели дека по две децении на сцената вели дека дури денес сфатил колку е сакан.
Кажа дека е благодарен на љубовта која ја добива и дека многу му значи.
На Инстаграм пак, тој побара од луѓето само да не го жалат.
„Добри мои луѓе, само не ме жалете, јас сам себе ќе се жалам“ - напиша Зоки Фаци .