Актуелно // Insta вести
Добрила од Дојран го прослави 95-иот роденден: Дојранчаката е доказ дека годините се самобројка
Македонката Добрила Ивановска Чабриќ пред неколку години учествуваше на познатото музичко шоу „Никад није касно (Никогаш не е доцна)“. Таа тогаш ја воодушеви публиката, но и жирито и водителот Жика.
Таа е најстарата ветеранка која досега се појавила во популарното шоу, а има енергија на која можат да ѝ позавидат и нејзините млади колеги.
Добрила - жената која е жив доказ дека годините се само бројка, вчера го прослави својот 95-ти роденден, а пријателите ѝ посакаа најубави желби и честитки, посакувајќи ѝ да си дочека уште многу, многу родендени.
Фото: Фејсбук - Добрила/Youtube - screenshoot