Актуелно // Insta вести
Додека Алекс беше на терен, малата Искра дуваше свеќичка: Ќерката на фудбалерот Трајковски наполни една година
Втората среќа во домот на семејството на фудбалерот Александар Трајковски, малата Искра вчера наполни 1 годинка.
И додека нејзиниот татко беше на теренот и играше на натпреварот против Малта, Искра ја дуваше свеќичката.
„Твојата среќа е наш благослов, твојата насмевка е наш живот. Среќен прв роденден, љубов наша најубава. Искра.“ напиша сопругата на Алекс на Инстаграм.
Тој е сопруг на убавата Александра а покрај Искра, го имаат и поголемиот син Матеј. Александра, во една прилика за Женски магазин ја раскажа нивната љубовна приказна.
Фото: Инстаграм принтскрин