Додека Кејт Мидлтон се „тресе“ од мемоарите на Хари, кралицата Летиција „краде“ светско внимание: Облечена врвно
Додека британското кралско семејство несомнено се оптеретува од откритијата во мемоарите на принцот Хари, а посебно принцезата Кејт Мидлтон затоа што до сега за неа речиси мишто не спомна принцот, кралот и кралицата на Шпанија изгледаа врвно додека излегоа на нивниот прв настан оваа 2023 година.
Кралската двојка го одбележа Денот кога Бог се појавил на земјата со воена парада проследена со прием во палатата Заркуела во Мадрид. За таа прилика, Летиција ја обнови својата посветеност на одржливата мода носејќи две парчиња што ги носела многу пати претходно ама никогаш вака комбинирани.
Традицијата налага дека кралицата мора секогаш да носи креација до подот за нејзиниот прв ангажман оваа година, а Летиција изгледаше кралски како и секогаш во чипкана тоалета до подот што ја истакна нејзината мала половина и витката фигура.
Како и секогаш, таа го задржа изгледот едноставен и го спои фустанот со црна наметка која претходно ја носеше во неколку наврати. За настанот, таа комбинираше со мал пар златни обетки и нејзиниот сакан прстен Карен Халам.
Извор: Жена блиц
ФОТО: ПРОФИМЕДИЈА