Додека ќерка ѝ поминува низ најтешкиот период во животот, таа се сонча на плажа: Еве како изгледа мајка ѝ на Ана Николиќ
Покрај тоа што е
мета на новинарите поради тубулентниот период во кој се наоѓа, Ана Николиќ неодамна
се пожали дека никогаш до сега не се чуствувала како изминатата година. Ова е
навистина тeжок период за неа, бидејќи покрај лошиот изглед и скандалозните
видеа, таа остана и без менаџерот, а настапите, како што пренесуваат медиумите и
се откажани.
Сепак сето
горенаведено не е крај на агонијата, почна да се шушка дека бившиот сопруг
Стефан познат како Раста размислува да и го одземе старателството а пријателите
наместо да и понудат помош, нудеа изјави по медиуми.
И кога најтесното семејство остана како последна шанса за помош и поддршка на
пејачката во овие тешки мигови, она што
многумина го осудија е тоа што нејзината мајка Милијана сето ова време ужива и
се сонча на летен одмор.
Ова постапка на Милијана наиде на страшна осуда од следбениците на Ана, особено од колегите на пејачката кои ја познаваат и лично.
На крајот во сета оваа брканица, најголема поддршка и пружија фановите. Таа неодамна им се заблагодари со зборовите дека - не очекувала толку многу луѓе да ја поддржуваат и да се грижат за неа и за нејзиното здравје.
Засега се уште останува мистерија како ќе се одвива животот на една од најпопуларните пејачки на Балканот. Дали ќе се смири со менаџерот и ќе продолжат со соработката, настапите и закажаните концерти, или целосно ќе се повлече од јавноста, барем некое време, додека не закрепне целосно од стресниот период.
А еве како изгледа мајка ѝ на Ана, за која толку се зборува. Фотографијата е направена пред неколку години, но велат таа не е воопшто променета денес.
Фото:ananikolic/instagram/screenshot/twitter