Дојче Телеком го лансира Проектот Futureproof за поддршка на Генерацијата Z
Проектот Futureproof на Дојче Телеком, поддржан од Били Ајлиш -седумкратната добитничка на Греми, има за цел да го искористи дигиталниот оптимизам за да овозможи успешна иднина за следната генерација - Генерацијата Z.
Проектот е платформа за поддршка којашто е развиена за да го демонстрира огромниот потенцијал на Генерацијата Z, да ги открие вештините на младите и да им помогне да го идентификуваат нивниот иден кариерен пат. Развиен е во соработка со припадници на генерацијата Z и група на експерти за стручни вештини и вработување.
„Иднината е неизвесна“, вели Били Ајлиш, „но јас секогаш се инспирирам од она што нашата генерацијаможе да го постигне и покрај тоа што е соочена со многубројни предизвици“.
Во постпандемискиот свет, младата генерација се соочува со многу културни, социјални и економски неизвесности. Истражувањето коешто го спроведе Дојче Телеком со 4000 млади луѓе на возраст од 16 до 26 години покажува дека 61% од европските припадници на Генерацијата Z се загрижени за својата перспектива и изборот на кариера. 54% не се сигурни какви сѐ кариери ќе постојат во иднина, а 43% изјавиле дека не се сигурни дали ги поседуваат квалитетите коишто се потребни за да успеат.
Светот во кој Генерацијата Zтреба да почне да работи ќе биде фундаментално променет, како од пандемијата на Ковид-19, така и од дигиталната трансформација.
Токму затоа е создадена дигиталната алатка со слободен пристап којашто ѝ помага на Генерацијата Z подобро да ги разбере своите потенцијали и најдобро да ги искористи. Оваа алатка ги идентификува клучните трендови и промени во светот и им помага на младите да откријат како најдобро личните пасии, вештинии таленти да ги искористат за својот професионален развој.
Заедно со алатката, онлајн центарот на Проектот Futureproof содржи и корисни совети за пишување професионални биографии, подготвување за интервјуа за работа и подобрување на профилите на социјалните медиуми.
Ова е продолжување на сорабoтката на Дојче Телеком со Били Ајлиш. Во 2020 година, кампањата ја потенцираше моќта и потенцијалот на поврзаната технологија за младите.
Проектот Futureproof е следна фаза од мисијата на Дојче Телеком да ја поддржи Генерацијата Z и да им овозможи еднакво учество во социјалниот, економскиот и културниот живот.
За дополнителни информации, посети ја страницата: https://www.telekom.mk/wearefutureproof.nspx
ПР објава