ДОКАЖАНО: Поради својата сестра си посреќна личност!
Можеби никогаш не си размислувала на ваков начин, но да се порасне со сестра значи цел живот да пораснеш со другарка која со тебе ќе биде цел живот, онаа поради која секогаш ќе имаш што да облечлеш или ќе знаеш како да се нашминкаш.
Зошто всушност е супер да имаш сестра?
Иако тоа веројатно ќе го сфатиш дури после дваесетите, да се има сестра е навистина супер, затоа време е својата цврсто да ја гушнеш и да ѝ дадеш до знаење колку си среќна бидејќи едно истражување докажало дека сестрите не прават посреќни и пооптимистични.
Имено, научниците од Универзитетот Де Монтфорт во Лејчестер испитале 571 девојка помеѓу 17 и 25 години и откриле дека сестрите тежнеат кон поголема рамнотежа во животот. Хмм, интересно. Професорот Тони Касиди од Универзитетот Улстер, носител на истражувањето на Универзитетот Де Монтфорт, рекол: „Изгледа дека сестрите се поддржуваат на отворена комуникација и кохезија во семејството. Интересно е дека браќата го имаат токму спротивното дејство. Изразувањето на емоции темелно е добро за психолошкото здравје и сестрите во семејствата тоа го промовираат.“
Како и да е, растењето со само една жена во семејството веќе значајно го олеснува решавањето на проблеми во семејството, а научниците веруваат како ќерките ги охрабрува отворена комуникација на своите емоции, така што одржуваат добри и здрави семејни односи. Девојките кои имаат сестри во истражувањето се оценувани како најнезависни, додека момчињата со браќата за истото добиле најниска оценка.
Што да кажеме освен дека Моќта е во двојките!