Доктор Рајовиќ откри што ја убива емпатијата кај тинејџерите: „Детето кое не знае да ја реши досадата, ќе биде фрустрирано со толеранција 0“

Како ќе се однесуваат како зрела и возрасна личност зависи многу од темелот што се поставува на секое малечко во детството. И родителите не треба да си дозволат да прават некои грешки.

Д-р Ранко Рајовиќ, доктор по интерна медицина, соработник на УНИЦЕФ на проектот за рана стимулација на интелектуалниот развој на децата, основач на Менса Србија, еден од најголемите авторитети во оваа област кога зборуваме за воспитувањето и образованието на децата. Со само една реченица многу едноставно објасни како емпатијата се намалува и се губи кај тинејџерите и малите деца.

Тој истакнува дека мозокот на децата денес е поинаков, бидејќи околината го променила. Порано малите добиваа само две-три информации во текот на денот, кои ги обработуваа. Од друга страна, во ерата на интернетот, кој донесе голем проток на податоци, тие се соочени со огромна количина на информации, што создава проблем.

- Она што стигнува до мозокот влијае на него и како функционира. Детскиот мозок работи поинаку. И добиваат многу информации во текот на денот што треба да ги обработат. Сè уште немаат длабочина на обработка, а мозокот реагира на агресивна содржина. Како? Почнува да се брани со намалување на чувството – емпатија – објасни професорот Рајовиќ во преносот на РТС.

Тој смета дека интернетот ги намалува когнитивните способности на децата.

- Родителите не знаат што прават нивните деца на Интернет, што ги намалува нивните когнитивни способности. Одговорноста е клучна. Ако сите постапуваа одговорно, немаше да има проблеми. Мора да се запрашаме на кои вредности родителите и околината го учат детето.

Тој предупредува дека прекумерната заштита го спречува детето да се развива нормално.

- Следниот момент е презаштита од мали нозе, што ги спречува да се развиваат на нормален начин, да стекнат контрола, самодоверба. Мајките и татковците прават се за нив. Родителите, околината и воспитувачите мора да постават јасни граници за тоа што е дозволено, а што не.

Игрите се голема закана

Компјутерите не се лоша работа и треба да бидеме во чекор со развојот на технологијата, но проблемот е кога тие буквално стануваат замена за се, смета овој голем експерт.

- Нашите деца растат во виртуелниот свет. Пред неколку години бев навистина шокиран кога видов дека на видео игрите пишува 4, 5, 6, 7. Мислев дека тоа е белег за возраста на детето. Тогаш ми рекоа дека тоа е знак за нивото на насилство во играта, колку крв има, дали се отсечени раце, нозе, глави - рече професорот.

И додава дека многу родители бараат помош од него, бидејќи не знаат како да го одвојат своето дете од игрите.

Играњето игри предизвикува зависност бидејќи мозокот лачи прекумерни количини на ендорфини кои предизвикуваат прекумерна количина на среќа. А што ќе прави дете кое не знае да ја реши досадата за 5 или 10 години? Личност со праг на толеранција од нула ќе биде фрустрирана. Тоа дете мора да добие сè веднаш, нема да може да чека. Ова се новите генерации деца кои доаѓаат кај нас - заклучува докторот.



Foto: Printscreen/ youtube/ RTS Tako stoje stvari - Zvanični kanal


Реномиран доктор апелира: На детето треба да му биде досадно!

Како родителите можат да влијаат на развојот на врсничкото насилство? Ова е најсилниот фактор на ризик!