Докторот им рекол дека нема да може да имаат деца: Тие не губеле верба, па сега нивното семејство брои 10 членови

Добивај вести на Viber

Фото: принтскрин видео јутјуб

Брачниот пар полека почнал да ја губи вербата за деца кога докторот им рекол дека нема да можат да ги имаат.

Џесака и Џош Кларк се брачен пар кој очајно сакал да има дете. Џош одамна ѝ рекол на сопругата дека повеќе би сакал да има десет од нив, а изгледа дека не се откажал од тоа.

Нивните планови малку се искомплицирале кога докторот им рекол дека за жал нема да можат да имаат свое дете. Тогаш решиле да посвојат, но процедурата која не е нималку едноставна ни денес, па морале да почекаат.

... и тогаш се случило чудо. Џесака забременила и добиле мало момче на кое му го дале името Ноа. Тоа било вистинско изненадување за пар кој сака да основа семејство, но тоа не било се.

Еден ден добиле повик од агенција која ги известила дека има 7 браќа и сестри кои бараат ново семејство, па им понудиле да посвојат барем еден од нив. Брачниот пар не сакал да го комплицира изборот, сите ги посвои.

Нивното семејство сега има 10 члена.