Сандра Булок ја изгуби љубовта на својот живот: Се бореше како лав, а најмногу го сакаше неговото однесување кон неа

Добивај вести на Viber

Долгогодишниот партнер на Сандра Булок, фотографот Брајан Рандал, почина на 57-годишна возраст, а неговото семејство се прости со емотивно соопштение до јавноста.

Според британските медиуми, фотографот во последните три години приватно се борел со амиотрофична латерална склероза, пишува британски „Дејли мејл“.

Сандра Булок првпат го запозна Брајан - модел кој стана фотограф - во 2015 година, откако го фотографираше роденденот на нејзиниот син Луис.

„Со голема тага ве известуваме дека на 5 август, Брајан Рандал мирно почина по тригодишна битка со амиотрофична латерална склероза“, изјави неговото семејство за People.

Објаснија дека фотографот не сакал јавно да зборува за својата болест.

„Брајан рано избра да ја задржи својата битка со Амитрофичната латерална склероза за себе, а оние од нас кои се грижеа за него дадовме се‘ од себе за да го исполниме неговото барање. Им благодариме на неуморните лекари и на сестрите кои станаа наши цимери, честопати жртвувајќи ги своите семејства за да бидат со нашето“, продолжи семејната изјава.

„Во овој момент бараме приватност за да тагуваме и да се помириме со тоа што не можеме да се збогуваме со Брајан“, ја заклучија изјавата и ја потпишаа емотивната посвета како „Неговото сакано семејство“.

За жал, не постои лек за АЛС и болеста е фатална, но пациентите напредуваат со различна брзина.

Луѓето кои страдаат од оваа болест живеат од две до пет години по првите симптоми, иако 10 проценти од заболените живеат најмалку 10 години.


Фото: Youtube - screenshoot