Домот на најбогатиот човек на светот не е таков каков што замислувате: Има само 37 метри квадратни и се е на дофат на рака

Добивај вести на Viber

Каде живее Илон Маск откако ги продаде своите повеќемилионски имоти низ Америка?

Еден од најбогатите луѓе во светот поседува многу необичен имот. И ако мислите дека тој живее во луксузна вила во која има се и сешто се лажете.

Јужноафриканскиот милијардер Илон Маск неодамна повторно се најде на врвот на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот. Според споменатиот портал, сопственикот на компаниите SpaceX и Tesla моментално е горд сопственик на 242,8 милијарди долари и може да си дозволи се што ќе посака, сепак...

Со години беше горд сопственик на голем број имоти, се додека не се ослободи од „речиси сите физички средства“.

Тој, за кратко време продал четири вили за 62 милиони долари, а медиумите во една прилика објавија дека богаташот ја продава својата единствена преостаната куќа, луксузна зграда во Сан Франциско која се простира на 1.600 метри квадратни.

Интересно е што Маск пред извесно време решил да се пресели во Тексас, а неговиот нов дом не е скапа вила со патека од неколку десетици метри, базен, паркинг...

Според американските медиуми, сегашниот дом на Илон Маск е наводно во Бока Чика, а во него се наоѓа „центарот за настани“ на неговата компанија SpaceX и нешто необично – мобилен дом вреден околу 49.500 долари.

Згора на тоа, овој многу скромен дом не е во сопственост на милијардерот, туку го изнајмува само од неговата компанија SpaceX, а се работи за модел на Casita, од линијата Boxabl.

Casita на Mask се простира на само 37 квадратни метри, што веројатно не е ни мал дел од плакарите или бањите на неговите „колеги“ богаташи. Ексцентричниот милијардер избра куќа во која лесно може да се пресели по потреба.

Фото: youtube/screenshot